Прирачник за анти антиалкохоличари
Прирачник за Анти Антиалкохоличари е втората книга напишана од македонскиот...
Also Available in:
- Amazon
- Audible
- Barnes & Noble
- AbeBooks
- Kobo
More Details
Прирачник за Анти Антиалкохоличари е втората книга напишана од македонскиот актер, музичар и писател, Игор Џамбазов. Во книгата е прикажана автобиографијата на Џамбазов и неговите проблеми со алкохолот. Првиот човек кој ја прочитал книгата е македонската пејачка, Калиопи.
Издадена е во април, 2011 година, за време на саемот на книгата во Скопје преку ФОН Универзитетот. Печатачот е Печатницата Мисирков. Книгата започнува од последната страница, а завршува на првата.
Прирачник за Анти Антиалкохоличари започнува со реченицата: „Сè што сте сакале да знаете за алкохолот, ама не сте имале време од пиење“. Содржината во книгата е прикажана на нецензуиран начин, со вулгарни зборови. На крајот на книгата се наоѓа „азбука на алкохолот“.
Во интервју, Игор Џамбазов за книгата изјавил: „Сите пијаници не се боеми и сите боеми не се пијаници“. Содржината на книгата е „сурова, потресна, поучна, со искуства од најпознатите македонски боеми“. Џамбазов изјавил дека „алкохолот дава само две шанси“.
Венко Андоновски, македонски писател, поет и критичар во поговорот на книгата напишал дека кога човек ќе се прошета низ страниците на потресната книга ќе чувствува дека сонува туѓ сон со познати елементи. Пејачката Калиопи изјавила дека книгата „осцилира со чувства и емоции.“
- Format:
- Pages:385 pages
- Publication:2011
- Publisher:ФОН универзитет
- Edition:
- Language:mkd
- ISBN10:6084506275
- ISBN13:9786084506270
- kindle Asin:6084506275









