Се гледаме на врвот

  1. home
  2. Books
  3. Се гледаме на врвот

Се гледаме на врвот

3.89 142 10
Share:

Преку 10.000 луѓе во изминатите три години ги посетија елитните настани на...

Also Available in:

  • Amazon
  • Audible
  • Barnes & Noble
  • AbeBooks
  • Kobo

More Details

Преку 10.000 луѓе во изминатите три години ги посетија елитните настани на компанијата Пи Ворлд. Како глобален лидер во својата област, компанијата секојдневно соработува со најголемите светски брендови и ја менува бизнис- реалноста во над 50 земји ширум светот.

А сето тоа го прави токму оттука, од Македонија.

Во „Се гледаме на врвот“, Коста Петров, дваесет и деветгодишниот основач на компанијата, ве води на патување низ својата животна приказна полна со неверојатни моменти, со подеми и со падови, пријатни и непријатни искуства кои се неодминлив дел од „патот по кој поретко се оди“. А за оној што ќе го избере тој пат и што ќе истрае на него, на крајот го чека заслужената награда. На своето возбудливо патување, Коста Петров се соочува со големите можности на Америка, со горчливите сценарија на Прага, со луксузниот бизнис-центар Дубаи, но и со реалноста на креирање на глобален бренд од Македонија.

Се гледаме на врвот е книга за сите оние што веруваат дека во животот сите се создадени за големи нешта. Влезете во светот каде што сè е можно.

„Книгава ќе има многу читатели. Зошто? Затоа што споделува скапо платени животни лекции со јасна цел: животот да биде подобар со нас. Апликативна духовност достапна секому!“
Јагода Михајловска-Георгиева, писател

  • Format:Paperback
  • Pages:176 pages
  • Publication:2013
  • Publisher:Издавачки центар ТРИ
  • Edition:
  • Language:mkd
  • ISBN10:
  • ISBN13:
  • kindle Asin:B0DLT7H98G

About Author

Коста Петров

Коста Петров

3.78 344 19
View All Books