Писател, уредник, организатор на поетски фестивали и преведувач со дводецениско работно искуство на полето на книжевноста. Основач е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, соосновач и директор е на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмски директор е на „Поетска ноќ во Велестово“, Охрид. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2011 г.
Награди и признанија
• Награда за најдобар текст во сликовница за книги издадени во 2021 и 2022 година на меѓународниот фестивал за литература за деца и илустрација „Литера“ за книгата за деца Ведра.
• Признание за особен придонес за популаризирање на поезијата, од Патрас ― светски поески фестивал, Патрас, Грција, 2024 г.
• Oaeneum ‒ награда за поезија доделена на 28. издание на интернационалниот поетски фестивал „Денови на Наим“, Тетово, 2024 г.
Објавени книги
• Рајсфершлус, Скопје: ПНВ Публикации, 2024. (поезија) https://www.goodreads.com/book/show/2...
• Самодиви – панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес, Охрид: Поетска ноќ во Велестово, 2023 (приредувач заедно со Славе Ѓорѓо Димоски);
• Ведра, Скопје: ПНВ Публикации, 2022 и 2023 – 2. изд. (книга за деца) https://www.goodreads.com/book/show/1...
• Отворена книга, Скопје: ПНВ Публикации, 2017. (поезија) https://www.goodreads.com/book/show/3...
• Годишни времиња, Скопје: ПНВ Публикации, 2014, 2015, 2019 и 2022 – 4 изд. (роман) https://www.goodreads.com/book/show/2...
• Комарци, Охрид: Поетска ноќ во Велестово, 2010. (поезија) https://www.goodreads.com/book/show/1...
• XX Години Поетска ноќ во Велстово, Охрид: Поетска ноќ во Велестово, 2009. (монографија).
Преводи на нејзини дела во странство
• Нејзини песни се препеани и објавени на: англиски, кинески, дански, германски, чешки, шпански, италијански, грчки, бугарски, арапски, бенгали, албански, хрватски, словенечки, босански, турски, азербејџански и српски јазик.
• Застапена е во неколку антологии на македонската современа поезија издадени во Македонија, во Србија, во Чешка, во Грција, во Италија и во Колумбија, во две антологиии на современата светска поезија, едната издадена во Кина, а другата во Албанија.
• Нејзините кратки раскази се застапени во три антологии на македонскиот краток расказ: „Тивка анестезија за болката на другите“ (Антолог, 2016), „Летаат приказни“ (Темплум, 2019) и „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).
Преведени книги на други јазици
• Sevinc (Ведра) ‒ книга за деца, на азербејџански јазик, МДизајн, Баку, 2025.
• Expecting Lions ‒ избор песни, на англиски јазик, Three Spires Press, Корк, 2025.
• Qorxu qutsu (Кутија на стравот) ‒ избор песни, на азербејџански, Zardabi, Баку, 2024.
• Годишни времена ‒ роман, на бугарски јазик, Ерго, Софија, 2017.
Нејзината работа како книжевен преведувач
• Јулијана Величковска преведува од англиски, од руски, од српски, од хрватски, од црногорски и од босански јазик.
• На македонски превела триесет и пет книжевни дела на автори од: Ирска, Велс, Шкотска, Норвешка, Исланд, Грција, Естонија, Латвија, Србија, Данска, Хрватска, Азербејџан, Малта, Фарски Острови, Црна Гора и Србија.
Интернационални книжевни фестивали
Јулијана Величковска била поканета да се претстави со нејзината поезија на бројни книжевни фестивали и други книжевни настани во многу земји во Европа и во Азија. Во последната декада настапила во: Ирска, Кипар, Грција, Турција, Бугарија, Словенија, Србија и во други земји.





