Ведра
„Ведра“ е приказна што си игра со архетипите, влегува длабоко и таму буричка,...
Also Available in:
- Amazon
- Audible
- Barnes & Noble
- AbeBooks
- Kobo
More Details
„Ведра“ е приказна што си игра со архетипите, влегува длабоко и таму буричка, менува, поправа, разместува, отклучува. Го има оддалечувањето од домот, ги има опозициите добро – зло, светло – темно, блиску – далеку, но има и изненадувања, што самите ќе ги откриете кога ќе ја прочитате.
„Ведра“ ги има главните карактеристики на литературата за деца: директно му се обраќа на детето, ненаметливо го подучува, нежно влегува во неговиот несвесен свет и таму менува колективни знаења што не се нужно точни; покрај тоа, духовита е, и приказната и илустрациите. Децата ќе ја обожаваат. И, како и секоја добра приказна за деца, ова не е само приказна за деца, туку е приказна за секого - Ѓоко Здравески.
„Ведра“ е како микро и макро патување низ сите сплетени приказни од народното творештво со најбрз кабриолет и со најфраерски очила за сонце! Ова е сликовница омаж на пријателството, слатководна, брзоречита, лесночитлива во изразот. Играта со римата и песнопојот во текстот, прави чувство како да сте во постојан ритам на приказната, како да пеете. Мајсторски се вметнати елементи од современите и вечни стравови на децата (инјекции, манџи, ако плачеш – ќе ти дојде змејот!) и на родителите (дете што постојано плаче или постојано e на таблет). Сладокусна, вкусна, игрива и поучна приказна за деца, но и за возрасни. Илустрациите го доловуваат ефектот на спектакл преку интензивните, конкретни бои (...) оваа сликовница работи со архетипски слики, пренесувајќи ја најубавата порака – кога ти е тешко, исплачи се. Ќе ти се разведри и ќе ти стане полесно. Само читај и верувај во добрината - Ана Голејшка Џикова.
Волшебна приказна за една волшебна плачка ‒ малата принцеза Ведра. Бајка која ќе им помогне на малите плачковци да победуваат змејови, а на возрасните да не ги осудуваат кога плачат. Забавна, имагинативна и фантастично илустрирана книга, која ни ја открива скриената моќ на солзите - Иван Шопов.
- Format:Paperback
- Pages:32 pages
- Publication:2022
- Publisher:ПНВ Публикации
- Edition:Бадем
- Language:mkd
- ISBN10:6082651138
- ISBN13:9786082651132
- kindle Asin:6082651138







